Dacia можеше да стане Alfa Romeo, Austin, Peugeot, Fiat, DKW…

ОБЈАВЕНО НА:

На почетокот на 60-те години лидерите на Романија одлучија дека е потребно создавање на сопствен, национален автомобил. Поради недостатокот на инжинери, но и долгиот процес на развој, беше невозможно самостојно создавање на целосно свој автомобил.

Поради тоа беше одлучено да се користи архитектурата на веќе постоечки автомобил од некој од западните производители.

Она што следеше беше распишување на меѓународен конкурс. На истиот овој конкурс учесто заземаа италијанските производители Alfa Romeo и Fiat како и Austin, DKW, Peugeot, Opel и француски Renault.

Токму Renault беше победник на овој конкурс, а за репер земен беше моделот Renault 12.

Резултат на ова беше создавање на Dacia 1300, модел кој подоцна прераснува во најпроизведуван и најпродаван модел на романскиот производител. Производството стартуваше на 23 август 1969 година. Од фабриката во романскиот град Миовени, овој автомобил се извезуваше во Канада, Кина, Северна Кореа, земјите од Јужна Америка, а во помал обем и во СССР, Бугарија, Данска, Холандија, Велика Британија…

До 21 јули 2004 година кога од фабриката излезе последниот модел, произведени се 1.959.730 примероци.

Понатаму… е веќе се познато… Фабриката во Романија е во целосна сопственост на Renault, и таму под брендот на Dacia се произведуваат неколку модели кои се вистински хит…

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK