Dacia Logan во Јужна Америка како Renault Taliant

ОБЈАВЕНО НА:

Добро познато е тоа што Renault во земјите на Блискиот Исток, Африка, Централна и Јужна Америка продава ребрендирани Dacia автомобили.

Оттука не треба да е зачудувачка веста дека новата генерација на Dacia Logan во Јужна Америка ќе се продава под францускиот бренд.

Официјално е соопштено дека овој модел во Бразил, Аргентина, Уругвај, Колумбија и останатите јужноамерикански држави ќе се продава како Reault Taliant. Во однос на оригиналниот Logan, Taliant, покрај со знакот на Renault, доаѓа и со баго модификуван преден дел и задни светла.

Димензиите остануваат идентични како и кај новиот Logan. Должината изнесува 4.396 мм, пирината 1.848 мм, висината 1.501 мм, а единствено непознато останува понудата на мотори и продажните цени.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK