Dacia е едноставна но издржлива: Со Logan MCV минал повеќе од милион километри

ОБЈАВЕНО НА:

Ако вообичаено има податоци за тоа како некој Mercedes, Honda или можеби VW минал повеќе од 1 милион километри без притоа да има големи проблеми, слична приказна доаѓа од сопственик на Dacia Logan MCV. Првата генерација на Logan MCV минала повеќе од 1 милион километри. Постигнувањето е остварено без промена на моторот или некои важни компоненти, покажувајќи дека Dacia прави издржливи возила.

Првата генерација на Logan нема добиено никакви награди за дизајн, но затоа може да се пофали со најголема доверливост. И тоа доаѓа од самите клиенти, сопственици на возилата. Едноставниот технички дизајн и користењето на веќе докажани компоненти и постигнатите резултати покажуваат дека таквите автомобили можат без големи проблеми да минат огромна километража.

Приказната на „милионот“ доаѓа од Алжир каде Ибрахим Мулуџ минал повеќе од 1.172.000 км. Ако сакате некој еквивалент за тоа колкава е тоа дистнаца замислете дека 30 пати сте направиле обиколка на светот. Остварениот резултат одлични бил искористен од алжирскиот оддел на Dacia за потврда на квалитетот на возилата. Можеби возилото е изгледа „налицкано“, но токму тоа покажува дека навистина има минатот толку километри.

Според известувањето од Дачиа Алжир, сопственикот на возилото го користел за такси. Тој и претходно поседувал Dacia Logan MCV купена во 2007 година и со тој автомобил минал 675.000 км. Искуството што го имал било добра препорака повторно да купи исто такво возило, само во 2012 година.

Шампионското возило имало мотор 1.5 dCi. Автомобилот се уште се користи, па сигурно е дека и бројката на минати километри ќе биде уште поголема. Потврдено е дека возилото минало 160 пати во сервис на редовна промена на одредени делови како што тоа го пропишува сервисната кришка. Тоа значи дека просечно на секои 7.300 км. се врешеле промените.

Но, овие милион километри со Dacia не се првиот рекорд за романскиот бренд што е во сопственост на Renault. Првиот што минал над 1 милион е Романецот Матеи Анастасе од Слобожа кој во 2016 година со неговото возило со 1.4 литарски мотор што го користел како такси.

Возилото било произведено во 2008 година. Потврдата дека навистина минал 1 милион километри била направени од инженерите во Миовени.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK