Dacia Duster за рекордно производство на нови автомобили во Романија

ОБЈАВЕНО НА:

Чешка, Словачка и Унгарија се земјите каде во последните неколку години значително се инвестира во автомобилската индустрија. Во овие земји фабрики имаат Audi, Land Rover, Kia, Volkswagen, Skoda, Peugeot, Suzuki… Сепак, значително развиена е автомобилската индустрија и во Романија каде периодов е остварен рекорд во поглед на производството.

Според здружението на производители на Романија (ACAROM), во првите осум месеци годинава произведени се речиси 318.000 нови автомобили што е зголемување за 4,6% во однос на истиот период минатата година.

За оваа бројка најголем придонес имаат производителите Dacia и Ford кои сочинуваат најголем дел од наведените произведени автомобили. Притоа, вистински двигател е моделот Dacia Duster кој сочинува 3/4 од сите произведени автомобили.

Оваа бројка се очекува да расте и во наредниот период особено што овој месец започна да се произведува и моделот Ford Puma во фордовата фабрика близу Крајова.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK