Да го купевте овој автомобил во 1992 година сега ќе бевте во ќар 15 милиони фунти!

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилите од раните 90-ти стануваат се повеќе и повеќе популарни, а тоа особено важи за тоа време луксузните и премиум автомобили. Еден таков е моделот McLaren F1 кој важи за еден од најценетите автомобили во историјата.

Доколку ги погледнеме бројките од 1992 година, овој автомобил се продавал по цена од 540.000 фунти, но денес цената е астрономска.

Вредноста на овој суперавтомобил од ден на ден се повеќе се зголемува па така денес оние достапни модели за продажба се продаваат по цена од 16 милиони фунти. Ова е вредноста која ја процени Hagerty – компанија која се занимава со осигурување и проценка.

Причината зошто овој автомобил вреди толку е самиот факт што во периодот од 1992 до 1998 година се произведени 106 примероци. Сите тие располагаат со 6,1 литарски мотор кој продуцира 618 КС.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK