Веројатно не сте ни размислувале дека инсектите кои завршуваат на вашето возило по патиштата можат да предизвикаат сериозни оштетувања на бојата. Експертите велат дека убиените инсекти при возењето можат да бидат сериозна закана за вашиот автомобил, а степенот на штетата се движи од 8 до 10 поени.
Поените за кои станува збор се однесуваат на состојбата во која е згмечен инсектот. Доколку тоа се случи на површина која е загреана многу е потешко подоцна да дојде до чистење, а состојбата се усложнува доколку се направи премногу доцна.
Затоа е многу важно да се знае кое средство да се употреби за да се исчисти возилото од инсектите?
Доколку лимот не бил загреан, а инсектите се наоѓаат таму малку време тоа расчистување може да се направи и со обичен шампон за автомобили. Во спротивно доколку силно сонце најмалку една недела го загревало вашето возило тогаш не е исклучена потребата од полирање за да може да се исчисти бојата на возилото.
Затоа не експериментирајте. Ако не сакате вашиот автомобил да има трага како на фотографијата тогаш е најдобро веднаш после долгиот пат да го исчистите вашиот автомобил.