Возилото Cybertruck на Tesla со својот изглед ги предизвикува сите коишто ќе го видат да се вртат по него, но и покрај сето тоа, како и финансискиот успех и сето она што успеа да го заработи, како и восхитувањето на автомобилските манијаци и вљубеници во научната фантастика, не може да се вози низ улиците на Европа.
Европската комисија и строги правила за тестрирање на безбедноста на автомобилите, а Cybertruck, каков што е во моментов не би успеал да помине добар дел од нив, вклучувајќи ги и построгите стандарди за заштита за пешаци и велосипедисти. Можеби кога на крај ќе дојде до пазарот некаде во 2021 или 2022 година електричниот пикап ќе биде модифициран за да одговара на стандардите на Европската унија. Сепак, тоа не значи дека ќе има значајни промени, кои треба да бидат направени на аголната обвивка на нерѓосувачкиот челик на Cybertruck.
За да биде возен низ Европа, Cybertruck ќе треба да биде преработен со употреба на различни материјали. Сепак, нејасно е дали Елон Маск сака да го продава можеби Cybertruck само во САД? Многу моторни озила таму се ослободени од протоколите за заштита на пешаците.
Според експертот за европски автомобилски стандарди, Стефан Телер, пикапот ќе треба да претрпи „големи промени во основната структура“ бидејќи „противречи на европската филозофија на безбедноста“.
Иако квалитетите за безбедност на новиот Cybertruck не изгледаат најдобри, на 7 декември Маск беше виден зад воланот на еден од прототиповите, додека го напушта јапонскиот ресторан Nobu во Малибу во Калифорнија. Тој се офалил дека Tesla веќе добила 200.000 предвремени нарачки за електричниот пикап, чија основна цена е 39.900 долари.