Oд компанијата Cupra објавија дека ќе го стартуваат производството на првиот специјално создаден за брендот автомобил – Formentor.
Првично, производството на Formentor ќе биде околу 160 примероци дневно, а при достигнување на полниот капацитет на моделот, склопените примероци ќе бидат еднакви на повеќе од 10 проценти од вкупниот број на производствениот погон на Seat во Марторел, каде што се прави и целосно новата понуда на пазарот на Cupra.
„Новиот Formentor е голем чекор за Cupra. Како прв уникатно развиен автомобил, тој ќе го разв ива брендот и ќе биде поразличен и побаран“, вели Вејн Грифитс, претседател на Seat и Cupra.
Cupra Formentor нуди стилски и динамичен дизајн, високотехнолошки погонски систем и исклучително високо ниво на изработка во универзално купе – СУВ „пакување“. При појавата на на пазарот во последната четвртина од оваа година, во модификациската понуда на моделот ќе бидат вклучени и неколку моторни верзии, вклучително и plug-in хибрид со 245 коњски сили и топ-предлог со 310 коњски сили.