Crossland X доби „петка“ за безбедност

ОБЈАВЕНО НА:

Во најновото оценување за безбедност објавено од EuroNCAP кросоверот на Opel од B-сегментот, Crossland X доби максимални пет ѕвезди. Резултатот се базира на најдобрите оценки во пет категории: заштита на возрасни патници, децата и пешаците, како и за помошни системи. Crossland X се претстави особено добро во тестовите на страничен удар во бариера, во кои доби максималните поени за заштита на возрасните патници и децата.

Во прилог на стандардната опрема за безбедност како предупредувањето за поспаност на возачот и сигнализацијата при ненамерно напуштање на лентата на движење, Opel Crossland X како дополнителна опрема нуди со доплата и некои новини за уште поголема безбедност: предупредување при опасност од судир со препознавање на пешаци и автоматски принудно запирање, откривање на замор кај возачот, високотехнолошки целосно LED предни светла, 180-степен панорамски камера за гледање назад и предупредување за присуство на опасност во мртов агон на гледање. Ова се само неколку примери.

Свеж и компактен однадвор и особено просторен и флексибилен одвнатре со модерна двобојна завршна обработка и SUV изглед, Opel Crossland X веќе има над 70.000 клиенти од цела Европа почнувајќи од март годинава, кога започнаа продажбата на моделот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK