Opel секогаш бил бренд што одлично бил прифатен од македонските купувачи.Секоја генерација на моделите на Opel привлекувале големо внимание. Моделот што сите со нетрпение го очекуваа „малата Corsa“ сега конечно пристигна и во Македонија. Новата Corsa ја имаше својата светска премиера на Меѓународниот автомобилски саем АА во Франкфурт во септември, и досега ги освои титулите: „Best Buy автомобил во Европа за 2020“, како и „службен автомобил на годината“.
Продажбата на 4,06 метри долгиот германски автомобил со пет врати започнува со особено економични бензински и дизелски агрегати со моќност што се движи од 55kW (75 КС) до 96kW (130 КС). Умерена економичност на горивото и динамичкото возење се карактеристични за сите погонски единици (потрошувачка на гориво NEDC: град 5,54-3,7 л/100 км; отворен пат 4,2-2,9 л/100 км; комбинирано возење 4,7-3,2 л / 100 км,, 106-85 г / км CO2; WLTP: комбинирано 6,24-4 л / 100 км, 144-104 г / км CO2, сите податоци се прелиминарни).
Новата Opel Corsa ќе биде достапна во продажните салони со цена од 12.920 евра, со мотор F 1,2 XEL 55 KW (1.2 литарски, 75 КС) и со рачен менувач.
„Со нетрпение го чекавме моментот кога новата Corsa ќе пристигне пазарот во нашиот регион и сигурен сум дека ќе бидете воодушевени. За прв пат во својот мал бестселер, Opel нуди технологии и системи за асистенција што клиентите обично ги знаат само од возилата од повисоката класа. Главната атракција се матрикс IntelliLux LED® светлата без отсјај, но има и системи за асистенција од врвно ниво, како и одлична поврзаност и забава со новиот опсег на инфозабавни системи. Оваа година е специјална и за Opel по тоа што воведува и целосно електрична Corsa, но засега нејзините варијанти со бензин и со дизел ќе бидат достапни на регионалниот пазар “, изјави Александар Мешков, кој како претставник на компанијата Opel се обрати пред публиката.
На врвот на понудата на менувачи е осумстепениот автоматски менувач. Севкупното спортско чувство е надополнето со дизајнот со полесни материјали и ниска положба за седење на возач. Покрај тоа, пасивната безбедност е високо нивоа, а инженерите на Opel исто така ги подесија шасијата и управувањето. Сите овие придобивки доаѓаат со основната верзија. Подеднакво убедливи се и напредните системи за помош, иновативниот инфозабавен систем и одличниот однос цена-перформанси. За прв пат во овој сегмент, Corsa исто така нуди елегантен осумстепен автоматски менувач. По оваа цена, досега никогаш немало поразвиено технолошки напредна и динамична Opel Corsa.
Покрај енергичните мотори на новата Corsa, дизајнот на лесeн автомобил исто така придонесува и на врвната динамика на возење. Најлесната верзија на моделот на новата генерација дури и оди под магичната бројка од 1.000 килограми. Без возач, овој автомобил со пет врати тежи само 980 кг. Во споредба со неговиот претходник, оваа варијанта е полесна за значителни 108 кг. Ова е заштеда на тежина од околу 10 проценти, иако новиот модел има слична должина од 4,06 метри. Белата каросерија е полесно за околу 40 килограми, а компактните трицилиндрични мотори имаат околу 15 кг помала тежина од четирицилиндричниот мотор од претходната генерација. Алуминиумската хауба заштеди и околу 2,4 кг во однос на помалата хауба.