Компанијата Continental, специјализирана за производство на гуми и автомобилски компоненти, создаде систем за индукционо полнење на електричните возила. Новиот систем ќе биде претставен следниот месец за време на меѓународниот автосалонот во Франкфурт.
Од компанијата сметаат дека една од најважните карактеристики на преминот од класични возила кон електрични е лесното и достапно надополнување на акумулаторите. Има голем број на причини поради кои возачите на електрични возила неволно ги користат сите можности за надополнување. Меѓу нив е неподготвеноста да се излегува надвор во влажни и студени временски услови, и да се фаќа кабелот за полнење.
Според Continental полнењето треба да е далеку повеќе практично, брзо и погодно за сопствениците на електрични возила. Тие го гледаат тоа во користењето на технологијата за индукционо полнење, која треба да стане голем чекор во напредокот на електричните возила.
Принципот на работа на индукциониот систем е едноставен – енергијата се пренесува без кабел од полнач во акумулаторот монтиран. За да се оствари контактот помеѓу уредите е потребно да се паркира автомобилот во согласност со препораките на инфо-забавниот екран. Во моментов во кој возилото ќе ја завземе саканата положба, полнењето започнува автоматски.
Системот на Continental има моќност до 11 kWh, што овозможува брзо и удобно да се полни електромобилот, како една минута од вашето време за полнење е доволно за да поминете еден километар. Continental очекува дека слични индуктивни места за полнење можат да се појават на јавните паркинзи и покрај големите трговски центри. Овие центри ќе им овозможат беспрекорно полнење, ќе се целосно безбедни и автоматски ќе се исклучат при присуството на друг објект, како животно на пример.