Continental дизајнира дискови кои нема да се менуваат

ОБЈАВЕНО НА:

Во Continental проектирале новите тркала со идеја дисковите да издржат во текот на животниот циклус на возилото, односно да нема потреба од менување. Промената на плочките пак ќе биде полесна

Continental е познат по гумите, но тој истовремено соработува со многу производители и самостојно работи на многу други проекти и системи што потоа се користат во авто индустријата. На саемот во Франкфурт треба да биде претставен New Wheel Concept – нов концепт за изработка на тркалата кај електричните возила.

Во основата на прототипот е нова поделба на тркалото и оската, како и употребата на алуминиумски дискови. Така ќе биде имплементирана оптимизирана техника за сопирање на електрични возила. Тркалото на New Wheel Concepts е изработено од внатрешен алуминиумски трегер со алуминиумски сопирачки диск и надворешно алуминиумска легло на тркалото со гумата.

Кај електрични возила сопирачките се користат поретко, бидејќи обновување на енергија е посилна отколку кај конвенционалните автомобили. Алуминиумските дискови имаат предност бидејќи не се склони кон ‘рѓа – што е од клучна важност со оглед на ретката употреба кај електрични возила. Новиот концепт на тркалата треба да донесе предности и во однос на тежината и на абење.

Во Continental проектирале новите тркала со идеја дисковите да издржат во текот на животниот циклус на возилото, односно да нема потреба од менување. Промената на плочките пак ќе биде полесна. Се уште не е јасно кога New Wheel Concept ќе најде примена во сериски автомобил.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK