Consumer Reports: Не ги купувајте овие шест возила

ОБЈАВЕНО НА:

Кога некое истражување ви дава на знаење дека нешто не е добро и ве советува тоа да не го купувате, или да внимавате н аодредени работи секогаш е интересно ако истото е направено од страна на огранизација со репутација. Consumer Reports е независна, непрофитна организација која работи рамо до рамо со потрошувачите за вистината, транспарентноста и праведноста на пазарот.
Токму Consumer Reports направи едно интересно рангирање за покажува кои нови автомобили не мораме да ги купиме. Листата е направен на база пробни возење, рејтингот за сигурност и краш тестови, иако аргументите против прикажаните модели се прилично површни. Но, интересно е дека возилата се продаваат во САД, иако некои од нив ги има и на европскиотт пазар.

Во прилог се возилата и објаснувањето.

Cadillac Escalade
Огромниот теренец на Cadillac е критикуван поради тесната внатрешност со оглед на вкупните димензиите, потоа за ниско ниво на удобност и за многу слаба сигурност на автоматската трансмисија и електричната опрема.

Fiat 500L
Разочарувачките погледи на автомобилот Fiat 500 L доаѓаат од резултатите од креш тестовите. Силно критикувани се и крајно незгодните седишта, како што е забележано со прилично крута суспензија на автомобилот.

Jeep Compass
Новиот кросовер Compass 2018 во голема мера е надградба на својот претходник. Колку и да се направени, Consumer Reports го критикуваа моделот поради слабата сигурност.

Jeep Wrangler
Новиот Jeep Wrangler 2019 сè уште не се продава во салоните, но љубителите на брендот силно се надеваат дека ќе се ослободат од детските болести на сегашниот модел. Главната критика за тоа е поради недостаток на удобност.

Lexus IS300
Овде причините зошто овој автомобил не се препорачува за купување се поврзани со нивото на удобност во кабината, што е инфериорано во однос на оној на директните конкуренти. Исто така, постои голема потрошувачка на гориво и ниска динамика.

Nissan Teana / Altima
Седанот на Nissan не се продава кај нас, но е бестселер во многу земји низ светот. Од Consumer Reports го сметаат за опасен дури и поради премногу лесниот управувач. Лошата CVT кутија е дел од другите критики.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK