Во 1988 година италијанската автомобилска индустрија доби нов бренд на автомобили – Cizeta Automobili SRL или скратено Cizeta. Овој бренд основан од Клаудио Замполи, поранешен дилер на Ferrari и италијанскиот композитор и тексописец Џорџо Мородер за седиште за развој и дизајн ја одбра Модена (Италија), а административно седиште Калифорнија.
Овој бренд замислен како премиум и ексклузивен во својата понуд го имаше само моделот Cizeta-Moroder V16T. Станува збор за рачно изработен автомобил дизајниран од страна на Марсело Гандини, а инспириран од Lamborghini Countach.
Овој автомобил рсполага со 6 литарски V16 мотор, каков што се користи и кај некои од моделите на Lamborghini. При тоа максималната брзина која ја постигнува изнесува 328 км/ч, додека до стотка забрзува за четири секунди.
Од овој модел во периодот од 1988 година па се до 1995 година произведени биле само 17 примероци. Денес дел од нив се продаваат и на аукција и неретко достигнуваат цена од повеќе од неколку милиони американски долари.
Инаку во 1995 година оваа компанија во целост се затвора откако претходно не ги исполни финансиските очекувања на сопствениците и инвеститорите.