Спротивно на очекувањата, во Citroen планираат наследник на C5 моделот, а ланскирањето на целосно новиот Peugeot 508 дава надежи дека во PSA Group не се имаат откажано од присуството на средната класа каде што продажбите се намалуваат секоја година.
Главниот извршен директор на Citroen, Линда Џексон изјави дека идниот модел на марката кој ќе треба да го замени C5 и веќе пензнионираниот С6 нема да биде класичен седан со оглед на тоа што таа категорија е веќе „мртва во Европа“.
При создавањето на новиот модел ќе се користи концептот CXeperience, а идејата е создавачите на автомбилот да го „преоткријат“ седанот и да создадат автомобил кој ќе им се допаѓа и на клиентите кои се насочени кон СУВ моделите.
Новиот модел треба да се појави во 2020 година, но папараците веќе направија фотографии така што можеше да се види како ќе изгледа новиот Peugeot 508.
Тој ја користи платформата на PSA EMP2. Најверојатно ќе има можност за избор на бензиновите турбомотори 1,2 литри (130 коњски сили) и 1,6 литри (165 и 225 коњски сили), како и 2,0 литарските турбо-дизел мотори со моќност од 150 и 180 коњски сили. Подоцна ќе има и хибридна модификација со можност за полнење.