Индискиот пазар на автомобили станува се повеќе и повеќе примамлив. Тој е трет најголем национален пазар, но аналитичарите сметаат дека наскоро би можел да го престигне и кинескиот пазар.
Причината не е само во големината на пазарот туку и во големите маргинални профити по автомобил кој се остваруваат на овој пазар. Оттука и нискобуџетните автомобили се во фокусот кога станува збор Индија.
Последен во низата производители кој го започнува својот поход на овој пазар е француски Citroen кој веќе го тестира својот нискобуџетен автомобил наменет за овој пазар. Станува збор за автомобил под кодното име CC21, кој по своите димензии треба да е како Citoren C3. Засега не е познато ништо околу мотористиката, но со сигурност ќе биде достапен и во верзија на плин.
Почетната цена ќе изнесува под 9 илјади американски долари, а на овој пазар, овој автомобил ќе конкурира на Renault Kiger, Hyundai Venue, Tata Nexon и Kia Sonet. За јавноста ќе биде претставен ова лето, а во производство ќе влезе на почетокот на есента.