Citroen подготвува три седани – доаѓаат во наредните две години

ОБЈАВЕНО НА:

Францускиот производител Citroen ќе лансира дури три нови седан модели во наредните две години, а првиот ќе пристигне веќе следната година, пренесува Autocar. Според извори на овој авто магазин, следната година Citroen ќе го претстави целосно новиот C6 модел кој ќе ја прекине паузата на овој производител во овој сегмент.

Маркетинг директорот на компанијaта Арнод Белони, дели дека ова ќе биде прв од трите модели што Citroen ќе ги претстави до 2021 година. На саемот во Париз следната година ќе биде претставен моделот C6 кога ќе биде познат и точниот датум на комерцијализација на овој модел.

Покрај овој модел, веќе се работи на два концепти чија комерцијализација не е извесна, но PSA Групацијата се надева дека со воведување на овие три модели како и постоечкиот модел Peugeot 508 и Opel Insignia, ќе успее конечно да завладее со овој сегмент.

За потсетување, последен модел во понудата од овој сегмент Citroen имаше до 2017 година кога во понудата беше втората генерација од моделот C5. Овој модел и ден денес се уште се произведува во фабриката на Dongfeng-PSA во кинескиот град Вуан. Токму и во оваа земја овој модел е сеуште присутен, но поради застарената технологија продажбата не е на задоволително ниво.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK