Citroen подготвува ривал за Golf и Focus

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Citroen е потврдено дека трае развојот на целосно новиот хечбек од С сегмент чија продажба ќе почне кон крајот на оваа година. Во обид да се продолжи добриот раст на продажбата во Европа во следните шест години, Citroen сака да има достоен ривал во бестселерот на европскиот пазар, а тоа е Golf од Volkswagen.

Citroen полека го повлече од продажбата стандардниот С4 хечбек од 2018 година, а во исто време го „ублажи“ изгледаот на моделот С4 Cactus за да ја пополни празнината. Планот беше да се произведе автомобил од типот кросовер, кој би им бил попривлечен од хечбек возилото, но во реалноста е добиен модел со криза на идентитетот.

Директорката на одделението за производство и стратегија Лоренс Хансен рече дека новиот автомобил ќе биде достапен со бензински, дизел и целосно електричен погон и дека ќе се појави подоцна оваа година.

Традиционално за Citroen, многу внимание ќе се посвети на удобноста на автомобилот, а тоа е една од причините за усвојување на електричниот погон.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK