Францускиот производител Citroen го најави својот нов модел C3 L. Станува збор за автомобил кој во целост се темели на C-Elysee, но е со подолго меѓуоскино растојание.
Споредбено со основниот C-Elysee, овој модел е со поголема должина и повисок клиренс, но се разликува и визуелно, особено задниот дел каде стоп-светлата се преземени од останатите модели на Citroen (C3, C5…).
Во понудата доаѓа со 1,2 литарскиот турбо бензински мотор со 116 КС и стандардниот 1,6 литарски атмосферски бензински мотор со 117 КС.
Производството на овој модел стартува на почетокот на следната година, а ќе го спроведува Dongfeng-Citroen, при што ќе се продава само на пазарот во Кина.