Францускиот производител Citroen соопшти дека на 12 април ќе ја одржи светската премиера на својот најнов модел. При тоа, од Citroen не соопштија за тоа за каков модел се работи.
“Ќе биде многу различен. Многу удобен. Тоа е навистина сјаен автомобил” изјави кратко Лоренс Хансен, стратегиски директор на Citroen.
Земајќи ги во предвид шпекулациите од претходно, но и досега лансираните модели, најверојатно новиот модел ќе биде наследник на C5 или C6. Тоа значи дека ќе биде седански модел чија должина ќе биде поголема од 4.700 мм. Би требало да се темели на EMP2 платформата која е развиена од страна на PSA Групацијата, а се користи кај моделот Peugeot 508.
Моделот најпрво ќе започне да се продава во Кина каде ќе биде со малку поголемо меѓуоскино растојание. Кон крајот на годината би требало да се најде и во салоните на Citroen ширум Европа.