Citroen ја враќа лимузината – C5 доаѓа во 2020 година

ОБЈАВЕНО НА:

Откако PSA Групацијата го лансираше Citroen C5 Aircross и Peugeot 508, на ред дојде и новата генерација од Citroen C5.

Како што пренесуваат француските медиуми, овој модел во целост ќе се темели на PSA EMP2 платформата, истата онаа на која се заснова и Peugeot 508, а во продажба ќе се појави кон крајот на 2020 година.

Уште на почетокот на оваа година, главниот извршен директор на Citroen, Линда Џексон изјави дека идниот модел на марката кој ќе треба да го замени C5 и веќе пензнионираниот С6 би можело да се појави во текот на 2020 година, а сега, како што пренесуваат медиумите во Франција има и официјална потврда.

Без да се откријат многу информации, она шо се знае едека овој автомобил во целост ќе се темели на истата платформа како и 508, а во понудата ќе ги има истите мотори, вклучувајќи и хибирдна изведба.

Инаку овој модел францускиот производител го лансираше во 2000 година кога се појави првата генерација која се произведуваше се до 2008 година. Кон крајот на 2008 година беше лансирана втората генерација чиј екстериер е дело на хрватот Домагој Ѓукец, а оваа генерација покрај во Рен (Франција) се произведува и во Вухан (Кина).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK