Citroen најде замена за Линда Џексон

ОБЈАВЕНО НА:

Citroen се чини дека ја најде замената за Линда Џексон на позицијата извршен директор на францускиот производител.

Повеќе француски медиуми повикувајќи се на неименуван извор наведуваат дека наскоро со Citroen би можело да раководи Винсент Кобе, поранешен прв човек на производството на Mitsubishi.

Citroen за Autocar ја потврди информацијата дека Кобе е вработен во PSA Групацијата, но не потврдија дали тој ќе биде замената за Линда Џексон.

Британката Линда Џексон е една од ретките жени на раководни позиции во автомобилската индустрија се прикучи на Citroen во 2009 година како финансиски директор. Во 2014 година е именувана на актуелната позиција, а по заминувањето на истата ќе остане дел од PSA Групацијата извршувајќи други работни задачи, пренесува Autocar.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK