Пред крајот на 2020 година Citroen го прошири семејството со специјални верзии, развиени во заедно со компанијата Rip Curl, а овој пат новинaта е поврзана со лансирањето на новото Berlingo Rip Curl.
Традиционално за заедничката производствена линија на Citroen и Rip Curl, Berlingo Rip Curl е изработен во свеж контраст на бои, а внатрешноста е базирана на пастел во комбинација со пријатни материјали за окото.
Berlingo Rip Curl е развиено на база на новата опрема Feel, во која се вклучени отворање на задниот прозорец, автоматска климатска инсталација, Citroën Connect Nav, камера за рикверц со Top Rear Vision функција за полесно маневрирање во ограничени простори, систем за подобрување на конткатот на гумите со патот Grip Control со функција за поддршка Hill Assist Descent, адаптивна круз контрола и други.
Citroen Berlingo Rip Curl
Модулниот ентериер со задни седишта со оформена тројка, дозволува транспорт на различни атрибути за спортување, во тој дел и на велосипеди и даски за сурфање, а доколку е потребно, вкупната носивост на автомобилот може да достигне импресивни 4.000 литри.
Berlingo Rip Curl, кој ќе биде достапен во продажните салони на Citroen од почетокот на следната година ќе се нуди во продажните центри на Citroen од почетокот на следната година, ќе се нуди во две дизел верзии: BlueHDi 100 S&S со 6-степена мануелен менувач и BlueHDi 130 S&S повторно со 6-степен мануелен менувач и еден бензинец- PureTech 130 S&S со 8-степен автоматски менувач.