Најновиот SUV во понудата на Citroen, моделот C5 Aircross се закити со максималните пет ѕвезди на Euro NCAP краш тестот.
Во поглед на безбедноста на возачот односно возрасните забележа високи 89% додека во однос на безбедноста на децата резултат од повеќе од солидни 86%.
И во однос на останатите два параметри сосема очекувано овој оствари одлични резултати. Така во поглед на безбедноста на пешаците овој модел оствари 67% додека во однос на безбедносната асистенција одлични 82%.
Моделот кој се тестираше од страна на оваа агенција беше опремен со 1.5 литарски Hdi мотор и со дополнително ниво на опрема. Моделот со основно ниво на опременост оствари четири ѕвездички.