Citroen C4 Spacetourer заминува во историјата

ОБЈАВЕНО НА:

Citroen ќе го повлекува моделот SpaceTourer од својата понуда, поради слабата побарувачка, пренесуваат француските медиуми.

Овој единствен моноволуменец во понудата ќе остане се додека не се распродаде залихата, а тоа се очекува да не биде подолго од крајот на годинава.

Изминатата деловна година Citroen продаде 74.864 примероци од овој модел што во споредба со 2008 година е бројка помала за нешто повеќе од 100 илјади примероци. Иако не од ист сегмент, францускиот производител на купувачите ќе им го понуди C5 Aircross кој е со приближни димензии како и SpaceTourer.

Под името C4 Picasso овој модел беше воведен во 2006 година. Втората генерација под називот SpaceTourer беше воведен во 2013 година и до ден денес се произведува во Виго (Шпанија) и Гурун (Малезија).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK