Citroen C4 се враќа, но после 2020 година

ОБЈАВЕНО НА:

Кога Citroen го пушти на пазарот C4 Cactus, Французите објаснија дека моделот не се јавува како директна замена за популарниот хечбек C4. И покрај тоа до овој момент немаше планови за хечбекот да го обнови со нова генерација.

Сега станува јасно дека брендот планира да обнови еден од најпопуларните модели во блиското минато со нова генерација, која нема да ја видиме пред 2020 година.

Во минатото, C4 ја споделуваше својата платформа со аналогниот модел во гамата на Peugeot 307 или 308, а истото се очекува да се случи и со новиот автомобил. Peugeot планира наследник на сегашниот 308 за новата деценија.

Не е исклучено во најскоро време да видиме и конечно нов C5, кој ќе се базира на Peugeot 508.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK