Citroen Berlingo Van ќе има 20 системи за помош при управувањето

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот Citroen Berlingo Van ќе биде лансиран на пазарот пред крајот на оваа година, а во двете основни верзии кабината ќе има подобрена комоција и безбедност, нови системи за поврзаност и 20 системи за помош при управувањето.

Од Citroen коментираат, дека новото Berlingo Van нуди не само одличен капацитет на товар туку и функционалност на товарниот оддел, но и висока безбедност благодарение. Идните сопственици на возилото ќе можат да бираат и меѓу две должини M (4.4 м) и XL (4.75 м), две специјални нивоа на исполнение: Worker и Driver, верзија со три седишта во првиот ред, дополнителни мали товарни одделенија и капацитет на товар до 1 тон.

Во опремата на новото Berlingo Van ќе можат да бидат понудени до 20 системи за помош при управувањето. Притоа во таа бројка се наоѓаат системот за предупредување при пертоварање, проекциски head-up дисплеј во боја, електронско паркинг запирање, адаптациски круз контрол, систем за автоматско дејствување на сопирачкиот систем, инфо-комуникациски систем Citroën Connect Nav, систем за безжично полнење на мобилен телефон и друго.

Новото Berlingo Van ќе се нуди со избор меѓу 1.2-литарскиот PureTech мотор со верзии на моќност од 110 и 130 коњски сили, како и со 1.5-дизел BlueHDi со 130 коњски сили, и 1.6-литарски BlueHDi во верзии од 75 и 100 коњски сили.

 

Во зависност од модификацијата, возилата се екипирани со шестепен механички или осумстепен автоматски менувач.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK