Чудовиште на четири тркала: Белорусија го има најголемиот камион во светот (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Белорусија е земјата која што го има најголемото и најтешкото возило во светот, а се нарекува Белаз 75710. Се работи за огромен камион чии бројки делуваат навистина застрашувачки. Камионот Белаз 75710 е тежок 450 тони, а може да носи товар со тежина од дури 810 тона што исто така претставува рекорд и е огромна бројка која е далеку поголема од оние коишто ги има кај обичните камиони.

За движењето на овој камион се грижат два 16-цилиндрични дизел мотори коишто имаат работен обем од 65 литри. Тандемот мотори дава моќност од дури 4600 коњски сили, а камионот има и два резервори од по 2800 литри. Џинот е долг 20,6 метри, широк 9,87 метри и висок 8,16 метри. Бројки коишто се карактеристика и за гарсоњера.

https://www.youtube.com/watch?v=IGEzj0szAF8

И покрај тоа што има неверојатни бројки оваа машина може да развие максимум 65 километри на час.

Белаз 75710 користи само еден мотор кога се движи празен со цел да се заштеди гориво. На секое тркало има електромотор, кој се вклучува автоматски во зависност од тоа колку е голем товарот.

https://youtu.be/YVmmXGV0lkE

Гумите се изработени во Јапонија и се направени така да можат да издржат товар над 800 тона.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK