Чудниот мирис во автомобилот открива каков проблем има?

ОБЈАВЕНО НА:

Многу често мирисот во автомобилот може да укаже на некој проблем, иако најчесто чудниот мирис се поврзува со нечистотијата и оставените работи. Во некои специфични услови мирисите, укажуваат на проблеми.

Доколку почувствувате мирис на сулфур, препознатлив по смрдеа на расипани јајца, веројатно треба да го замените катализаторот. Тоа е знак дека во него се создава сулфурводород од неизгорени елементи на сулфур од гориво. Обично треба да се заменат после 100.000 до 150.000 километри, а доколку појави овој проблем и порано. Проверете можеби е покриен со гаранција.

Мирис на изгорено масло во кабината исто така треба итно да се реши, а не да се обидувате да го максирате со освежувачи за воздух. Вдишувањето е штетно за здравјето, а причините може да се неколку. Прво проверете дали добро сте го затворите поклопецот за масло. Другиот прболем може да биде во капакот на вентилот што треба да се замени, а ако има масло под автомобилот тогаш веројатно проблемот е во коленестото вратило на моторот.

Слаткиот мирис на сируп значи дека чувствувате етилен гликол од течноста за ладење. Тоа може да биде знак дека некаде попушта системот за греење или тече антифриз, што треба веднаш да се провери во сервис.

Мирисот кој потсетува на смрдеа од изгорен тепих укажува на проблем со кочниците. Проверете дали сте заборавиле да ја спуштите рачната кочница. Доколку не сте, упатете се на сервис.

Мирисот на изгорени гуми може да укажува на опуштени ремени или црева на мотор. Може да знали и дека ременот само што не пукнал, па затоа е добро што порано да биде заменет.

Доколку почувствувате бензин во кабината првата мисла веројатно е дека сте биле невешти при налевањето, но тогаш мирисот брзо треба да се изгуби. Ако не исчезнува, проверете дали имате проблем со системот за вбризгување.

Непријатен мирис кој може најмногу да потсетува на спортска соблекувална, а сигурни сте дека вашата спортска торбица не е останата во автомобилот, доаѓа обично кога ќе се вклучи климата. Тоа е знак дека на клима уредот се нафатила мувла и микроорганизми и треба да се исчисти. Во спротивно рискирате болест, а алергичните ќе имаат и проблеми со дишењето и засилени симптоми на алергија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK