Chrysler 300 инспириран од Giulia

ОБЈАВЕНО НА:

Актуелната втора генерација на моделот 300 на Chrysler датира уште од 2011 година поради што на интернет се појавија најразлични информации околу најпознатиот модел на Chrysler. Во новиот петгодишен план на FCA, немаше многу информации околу иднината на овој бренд што дозволува простор за најразлични шпекулации.

Во пресрет на официјалната одлука на FCA на интернет се појавија фотографии од Клебер Силва, а кои се однесуваат на можниот изглед на следната, трета генерација на 300 инспирирана од Alfa Romeo Giulia.

Сепак веројатноста за да видиме Giulia под знакот на Chrysler е многу мала, особено ако се знае дека FCA во Alfa Romeo Giulia гледа надежен модел за освојување на значаен пазарен колач на американскиот пазар.

Инаку моделот 300 за прв пат се појавува во 2005 година, а од 2011 година во Европа се продава под брендот на Lancia.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK