Англиската онлајн платформа за продажба на нови и користени автомобили Auto Trader објави интересна информација за најскапите регистрациски броеви, кои некогаш биле препродавани на теристоријата на земјата.
Според компанијата, највисоката цена за регистрациски број е 518.480 англиски фунти, кои биле плтени за ознаката 25 0 од сопственикот на Ferrari 250 SWB, кое претходно било користено од страна на Ерик Клептон.
Со минимална разлика зад лидерот се и другите две рекордни постигнувања во Топ 3 на најскапите регистрациски броеви во Велика Британија: 502.500 фунти за X 1 и 500.000 фунти за G 1.
На 4. позиција се наоѓа RR 1 со 472.000 фунти, а на 5. место е амблематичниот F 1 за кого се платени 440.625 фунти. Зад нив од Auto Trader го поставуваат бројот S 1, кој е откупен за 404.063 фунти во 2008 година од сопственик на автомобилот Skoda.
Рангирањето на Auto Trader продолжува до 21. позиција, а на списокот се наоѓа:
1 D (352.411 фунти),
1 S (340.000),
M 1 (331.500),
GB 1 (325.000),
D 2 (300.096),
VIP 1 (285.000),
1 BM (285.000),
V 1 (275.000),
S 5 (270.300),
GN 1 (260.146),
GS 1 (258.775),
51 NGH (254.000),
1 RH (247.952),
MS 1 (235.000)
MG 1 (235.000).