Chevrolet ја враќа Corvette во Европа – цената ќе биде „солена“

ОБЈАВЕНО НА:

General Motors донесе одлука која ги изненади сите љубители на спортските автомобили на “Стариот континент”. Од половината на следната година GM го враќа Chevrolet Corvette на европскиот пазар.

Осмата генерација од овој култен модел започна да се произведува на 3 февруари годинава во Кентаки, САД, а по пауза од неколку генерации оваа, осмата, сега повторно ќе биде достапна за Европјаните.

Двигател на овој модел е 6,2 литарскиот V8 LT2 централно поставен бензински мотор. При тоа овој мотор испорачува 495 КС при максимални 637 Nm обртни моменти.

Купувачите во Европа нема да имаат многу избор кога е во прашање овој модел. Достапен ќе биде само со Z51 пакетот кој вклучува Brembo сопирачки систем, предни отвори за воздушно ладење, двоен заден издувен систем, Michelin пневматици како и стандардните системи за безбедност и сигурност во возењето.

Цената на “европската” Corvette ќе изнесува 99.000 евра, а 7 илјади евра поскапа е кабриолет верзијата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK