Третата генерација на Ford Focus егзистира на пазарот од 2011 година, а нејзиниот продажен век е веќе на самиот крај. Сите очекуваат наскоро Ford да го објави и наследникот, а во компанијата вредно и напорно работат на новиот модел што според најавите треба да се понуди во продажните салони во 2019 година.
Focus го сметаат на голем ривал на Golf, а според најавите изгледот на новиот модел на Ford треба да биде поразличен од досегашниот. Компанијата тврди дека новиот Focus ќе има облик на купе. Папарацо фотографиите покажуваат во која насока ќе биде изгледот на моделот, а колку и дали навистина Focus ќе има купе изглед можете и самите на пресудите.
Нема најава кога и каде би била првата промоција на моделот но веројатно е дека тоа би се сторило во Детроит, на почетокот на годината или пак на крајот на 2018 година.
Ford ќе се фокусира во новиот Focus да вметне што е можно повеќе техника. Иако моделот се тестира првите фотографии од внатрешноста покажуваат дека таму сѐ уште не се решени сите детали, па веројатно е дека ќе има уште измени. Засега изгледа спартански, и многу оскудно, и секоја наредна средба веројатно и инструмент таблата и внатрешноста ќе бидат исполнети.
Прототипот што е фотографиран има многу делови во внатрешноста што не се монтирани, но изгледа дека SYNC 3 инфозабавниот систем ќе биде на исто место како и досега. Тоа може да биде и мамка, и подоцна се да биде сменето.
Во однос на надворешноста тука се ЛЕД светлата, а засега неможе да се утврди дали димензиите ќе бидат зголемени. Визуелно изгледа дека ќе има поголемо меѓуоскино растојание, што би значело и повеќе простор во багажникот.
Сѐ уште е рано да се нагаѓа какви сѐ мотори ќе има во моделот, а се очекува најсилната верзија да има 275 КС.