Четири највалкани места во вашиот автомобил (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Направеното истражување спроведено неодамна покажало дека повеќето од луѓето сметаат дека највалканото место во автомобилот е воланот. Потоа следуваат кваката за отворање на враата и на третото место е радиото.

Не биле во право во ниту еден од трите случаи.

Научниците земале брисеви од сите површини во автомобилот и притоа дошле до сосема други резултати, а ова се четирите највалкани места во автомобилот:

Патосниците кај возачот

Брисевите на патосниците покажале дека тоа е највалканото место во автомобилот на кој била пронајдена најголема концентрација на бактерии и габи.

За сеќа, оваа област луѓето ретко ја допираат, но без оглед на тоа, патосниците е потребно темелно да се исчистат за да се спречи натамошно ширење на бактериите. При чистење добро е патосниците прво да се посипат со сода бикарбона и да се остават пола час да отстојат, а потоа да се поминат со правосмукалка.

Багажник

После патосниците, багажникот на автомобилот покажал дека е второто најлошо место по концентрација на бактерии. Кога ќе се размисли што сè се става во гепек: од валкани чевли, велосипеди, опрема за кампување и слични работи, не е ни чудо што во краток рок може многу да се извалка.

Со оглед на тоа што во багажникот се става и храна добро е често да се поминува со правосмукалка, а ако има опција за извлекување на долниот тепих, треба да се повтори постапката од кај патосниците и сода бикарбона.

Држач за чаши кај предните седишта

Колкупати ви се случило да расипете кафе, сок или да тавите шамивче со кое сте ги избришале рацете? Држачот за чаши се најде на 3. место на највалкани места во автомобилот со пронајдени 1179 микроорганизми. За разлика од патосниците или гепекот, ова е место кое човекот го допира често.

Научниците велат дека наједноставно решение во автомобилот е да се имаат дезинфекциски шамивчиња, па со нив секое утро да се пребришува ова место.

Клима на контролната плоча

Четвртото највалкано место во автомобилот е вентилацискиот отвор на управувачката плоча, а благодарение на неа бактериите циркулираат во воздухот на вашиот автомобил.

За да се спречи ова е најдобро да ја исклучите климата и да го пребришете вентилацискиот отвор со сунѓер или да употребите лименка со компресиран воздух (која инаку се користи за чистење на компјутер). Исто така можете да го пребришете отворот со дезинфекциски шамивчиња.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK