Четири модели на PSA поради ист проблем мораат на сервис

ОБЈАВЕНО НА:

Кога во рамките на една групација има повеќе брендови тогаш логично е да се користат заендички платформи, да има повеќе слични возила кои имат и исти делови. Тоа значи дека некогаш поради ист проблем, сите тие може да бидат подеднакво засегнати. Таков е проблемот со PSA И со четири нивни модели, на Opel, Peugeot и Citroen.

Последното предупредување издадено од Европската комисија се однесува на моделите: Opel Combo, Citroen Belringo, Peugeot Rifter и Peugeot Partner. И сите се произведени во ист период од 2 декември 2019 до 18 јануари 2020.

Бидејќи станува збор за лесно доставни возила во предупредувањето се вели дека постои можност од губење на стабилноста во возењето поради проблем со тркалата. Кога постои големо оптоварување можно е да дојде до оштетување. Затоа и е издадено предупредувањето.

Земјата на производство на возилата е Шпанија, а првично проблемите се откриени во Германија. Исто така пријавени модели со ист проблем имало и во Финска, Грција, Ирска, Полска и Словенија, во зависност од моделот.

Opel Combo – Rapex Alert 34/2020 A12/01161/20
Citroen Berlingo – apex Alert 34/2020 A12/01160/20
Peugeot Rifter – Rapex Alert 34/2020 A12/01159/20
Peugeot Partner – Rapex Alert 34/2020 A12/01159/20 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK