Четири факти за моторното масло: Се користи во вселената, а иднината е во…

ОБЈАВЕНО НА:

Во 150 години постоење моторното масло претрпува голем број на измени. Сепак, и покрај сето тоа останува главен дел од моторите со внатрешно согорување.

Покрај тоа што маслото се користи на Земјата, тоа исто така се користи и во вселената, но и под водата.

Има некои факти за моторното масло за кои едвај ли е чуено, но се навистина интересни.

Се користи во вселената

За последните 50 години моторното масло се користи активно во вселената и дури и на Марс. Таканаречените „марсохиди“ на NASА се снабдени со специјална течност за подмачкување изработена од компанијата Castrol.

Содржи антиоксиданти

Знаете ли дека моторното масло има антиоксиданти. Денес тој термин е широко користен во сите корисни храни и дури и во шампоните, кремите и секаква козметика, но антиоксиданти има и во моторното масло. Тие помагаат за намалување на негативниот ефект од дејството на кислородот.

„Синтетиката“ е измислена во фашистичка Германија

Денес поголем дел од автомобилите се движат со синтетичко масло. Тој вид на моторни масла се поекономични за движење и се поотпортни на остри температурни промени. Тие не се прават од нафта. За време на Втората светска војна, Германците имале потреба од многу масло за тенковите и за комплетната воена техника. Тогаш немало доволно нафта, па германските хемичари го измислуваат синтетичкото масло.

Иднината е во растителното масло

Прогнозите на стручњаците се такви и велат дека растителното масло ќе биде иднината. Електриката може да се добива од сонце, ветер… но моторно масло? Дури и електромобилите на кои им се превидува автомобилска иднина имаат потреба од подмачкување. Водечките хемиски концерни веќе засилено работат за добивање на течности за подмачкување од растителни компоненти како некои билки, просо…

Следете не и на:

24AUTO NETWORK