сабота, 25 декември, 2025 година

Четири децении Лада Нива: Најитересните факти од историјата на моделот (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

„Вечно зелениот“ офроуд автомобил и до ден денес останува исклучително достапно решение за секој кој сака да вози автомобил без притоа да има потреба да побара трактор.

На 5 април во 1977 година беше означен почеток на производството на едно од најпознатите светски офророуд возила Лада Нива (ВАЗ-2121). Во 40-годишната историја на моделот тој е произеден во тираж од 2,5 милиони. Околу два милиони од возилата останале во земјата, додека другите биле извезени.

- Advertisement -

За жал на креаторот на моделот, Пјорт Прусов, тој не успеа да го одбележи јубилејот на своето дело откако почина минатиот месец.

Од 2005 година, СУВ возилото го доби името 4х4 бидејќи правата на името Нива ги презема заедничкото вложување меѓу АвтоВАЗ и General Motors. Денес моделот се нуди во две верзии: стандардна и Urban, и чини минимум 8.700 евра како нов.

Првите прототип примероци беа опремени со 1,6-литарски агрегат, а се појавија во 1971 и 1972 година, но тие биле премногу „воени“ и затоа беа додадени цврст покрив и конвенционални врати.

Една од главните предности на моделот е постојано ангажираниот двоен погон. Првично имало идеја да се активира 4х4, но со специјален прекинувач, но после сериозно тестирање таа варијанта отпаднала.

Првите 15 претсериски примероци биле пуштени во 1974 година, но тие се разликуваат по трепкачте и габаритните светла, браниците… Подоцна во 1976 година е пуштена втора прелиминарна серија од 50 примероци.

На транспортерот, првата Нива се појавила на 5 април во 1977 година. Малку после стартот на масовното производство истото е зголемено од 25 на 50.000 возила годишно, а подоцна се достига и до 70.000 возила.

На почетокот на 80-тите години од минатиов век околу 80% од производството на Нива било назначено за извоз. Така моделот стануа единствениот светски автомобил што се продавал во Јапонија. Поради високите цени на средината на 80-тите се забележува пад во домашната побарувачка.

Во 80-тите и 90-тите години компанијата Automeccanica произведува различни верзии на Нива, вклучувајќи и кабриолет.

Во моментов АвтоВАЗ работи работи на следната генерација на моделот, кој веројатно ќе биде означен со индексот 2124 и ќе биде поголем од сегашните 4х4.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја