Чекор напред: САД тестира автономни камиони за поштенски испораки

ОБЈАВЕНО НА:

Поштите во САД стартуваа двонеделен тест за доставување на пошта до три југозападни држави со самоуправувачки камиони. Тоа е чекор напред во желбата за комерцијализирање на автономната технологија за превоз на товар.

Стартапот TuSimple сместен во Сан Диего објави дека автономните камиони ќе превезуваат поштенски пртки меѓу Феникс и Далас и ќе се истражува како технологијата може да го подобри времето за доставување и за расходите. На седиштетот зад воланот ќе има возач, кој ќе може да интервенира доколку биде потребно, а на сопатничкото место ќе се вози инженер кој ќе го следи целиот процес.

Ако експериментот биде успешен, тоа би значело големо постигнување за автономната индустрија за возење и откривање на решението за проблемот со недостаток на возачи и регулаторни ограничувања пред кои се наоѓаат превезувачите на товари во целата земја.

Пилот програмата вклучува пет патувања, а секое е со должина поголема од 3200 километри односно околу 45 часа возење. Не е познато дали испораката на поштата со автономни камиони ќе продолжи и после двонеделниот тест. Инаку, камионите ќе се движат по главните магистрали и ќе поминуваат низ Аризона, Ново Мексико и Тексас.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK