Carwow ги награди Yaris, Defender, 2008, Superb, i10…

ОБЈАВЕНО НА:

Престижниот британски магазин carwow традиционално, после новата година ги додели наградите за најдобри автомобили во повеќе категории. Главната награда “Carwow Car of the Year” беше доделена на малиот Toyota Yaris GR кој во овој избор беше подобро рангиран од Land Rover Defender и Mercedes S-Class.

За најдобар мал SUV беше одбран Peugeot 2008, a Mercedes GLB за најдобар фамилијарен SUV модел.

Иако не ја доби главната награда, Land Rover Defender како утешна ја доби онаа за најдобар голем SUV, а наградите за најдобар луксузен и спортски SUV заминаа кај Range Rover P400e PHEV и Audi RS Q8.

Во конкуренцијата за најдобар мал електричен автомобил, наградата ја доби Peugeot e-208. Volkswagen ID.3 беше одбран за најдобра фамилијарен електричен автомобил, а во конкуренција на големи електрични автомобили, наградата замина кај Audi e-tron Sportback.

Останатите награди по категории ги добија:

  • Best Small Hybrid Car: Toyota Yaris
  • Best Family Hybrid Car: BMW 3 Series 330e
  • Best Large Hybrid Car: Skoda Superb iV
  • Best Small Car: Hyundai i10
  • Best Family Car: Audi A3 Sportback
  • Best Large Car: BMW 5 Series
  • Best Estate Car: Skoda Superb Estate
  • Best Coupe Car: BMW 4 Series
  • Best Convertible Car: Lexus LC Convertible
  • Best Performance Car: Porsche 911 Turbo S
  • Best Luxury Car: Mercedes S-Class
  • Best Hot Hatch: Toyota GR Yaris

Carwow додели награда и за најдобар производител. Истата замина кај францускиот производител Peugeot, а благодарница беше доделена и на Акио Тојода, првиот човек на Toyota.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK