Cadillac XT4 пристигнува во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот Cadillac XT4, кој првпат беше покажан за време на доделувањето на наградите Оскар минатата година и официјално доаѓа во продажба во Европа.

Овој компактен кросовер има 2,0 литарски бензински мотор кој продуцира моќност од 272 коњски сили, а доаѓа во комбинација со осум степен автоматски менувач. Тоа е типично за САД каде што се предлагаат варијанти само со предно или со задно придвижување. Потврдено е и користење на возилото на системот за полуавтономно управување Super Cruise.

Во Европа ќе биде достапен во две верзии и тоа: XT4 Launch Edition со преден погон и XT4 Launch Edition Sport со погон на предните и сите тркала.

Овој автомобил ќе биде достапен најпрво во Германија и Велика Британија, а потоа и во останатите земји од Западна и Централна Европа. Во Германија, почетната цена ќе изнесува 42.900 евра за основното ниво на опременост.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK