недела, 25 декември, 2025 година

Cadillac го претстави својот прв електричен SUV

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Откако претходно ја најави премиерата, General Motors конечно го претстави електричниот Cadillac Lyriq кој е всушност прв електричен SUV на Cadillac, а кој доаѓа како конкурент на Tesla.

Од претходно е познато дека овој модел се темели на новата модуларна платформа за електрични автомобили која овозможува погон на предните, задните, но и сите четири тркала.

- Advertisement -

Овој модел ќе ја има и најновата батерија развиена од страна на General Motors, именувана како Ultium која е достапна во верзии од 50 до 200 kWh. Благодарение на истата, автономијата на овој модел ќе изнесува до 645 км.

Во понудата доаѓа со еден и два електромотори, а батериите кои се наоѓаат во подот на автомобилот обезбедуваат речиси идеална распределба на масата по осовини од скоро 50:50.

Американскиот производител соопшти дека овој модел на купувачите ќе им биде достапен во основната верзија со погон на задните тркала, но и со верзија со погон на сите 4 тркала.

Во производство, а со тоа и продажба ќе се појави во текот на првата половина од 2022 година, а цената засега останува непозната.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја