Byton потврди 10.000 нарачки за M-Byte: Треба само депозит од 500 долари

ОБЈАВЕНО НА:

Byton е еден од најамбициозните, ако не и најамбициозен кинески производител на автомобили. Откако минатата година на саемот во Франкфурт европска премиера имаше моделот M-Byte, Кинезите најавија освојување како на европскиот така и на американскиот пазар.

Сега оттаму потврдуваат дека за електричниот кросовер од Канада и САД пристигнале 10.000 нарачки. Иако никој засега не го платил депозитот од 500 американски долари, сепак ова е бројка која дава кураж за реализација на плановите на кинескиот производител.

На глобално ниво, Хозе Гереро, првиот човек на Byton America потврди дека има околу 65.000 резервации, а најголем дел од нив, 30.000 се од Кина и околу 25.000 од Европа.

Што се однесува до самиот автомобил, во производство и продажба ќе се појави следната година, а достапен ќе биде со погон на две и четири тркала, а со едно полнење ќе има дострел од околу 430 километри. Почетната цена на овој SUV се очекува да изнесува околу 54.000 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK