петок, 25 декември, 2025 година

BYD спрема најмала plug-in хибридна компактна кола само за Европа

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Ако прогнозите се остварат, во 2026 година европските купувачи би можеле да добијат уште една мошне интересна опција: мал, евтин и штедлив plug-in хибрид кој ќе се натпреварува директно со популарните градски модели на Toyota, Renault и другите европски брендови, но со агресивна ценовна политика по која BYD веќе е препознатлив.

BYD ја подготвува следната голема офанзива на европскиот пазар, но овојпат во многу компактно пакување. Кинескиот производител развива нов мал plug-in хибрид, наменет исклучиво за Европа, кој би требало да пристигне во 2026 година и неофицијално се спомнува под името Dolphin G.

- Advertisement -

Моделот ќе се позиционира под веќе познатиот Atto 2 и ќе игра во B-сегментот, со должина од околу 4 метри и висина од околу 1,5 метри. Практично, ќе биде plug-in алтернатива на електричниот хечбек Dolphin Surf, но со фокус на купувачи кои сакаат и електричен домет и флексибилност на класичен мотор.

Новата компактна BYD ќе биде најмалиот plug-in хибрид во гамата на брендот за Европа и еден од најкомпактните PHEV модели на пазарот воопшто. Во оваа класа денес доминираат full hybrid системи, главно поради цена и простор, па BYD влегува во релативно празен сегмент со plug-in архитектура која нуди и електричен домет и ниска потрошувачка на отворен пат.

Иако точните технички податоци сè уште не се објавени, се очекува архитектурата да биде блиска до онаа на Atto 2 DM-i, малиот SUV plug-in во понудата на брендот. Тој користи 1,5 литарски бензински четирицилиндарски мотор во комбинација со електромотор напред, а системот може да работи и како сериен хибрид (бензинецот како генератор), и како паралелен (заеднички погон од моторот и електромоторот). Кај Atto 2 DM-i вкупната системска моќност е околу 212 КС, со електричен домет од околу 90 километри, па се очекува слична, но евентуално малку поскромна конфигурација кај новата компактна кола поради ограничениот простор за батерија.

Клучно е што моделот е развиен специјално за европски клиенти, а не е само адаптација на веќе постоечки кинески автомобил. Тоа е дел од новата стратегија на BYD да прави посебни модели за европскиот пазар, со димензии, дизајн и поставки прилагодени на вкусовите и навиките во ЕУ.

Производството за Европа најверојатно ќе биде сместено во новата фабрика на BYD во Унгарија, која треба да стартува со модели како Dolphin Surf и Atto 2, а потоа да се прошири и на нови компактни plug-in верзии. Така BYD не само што ќе биде поблиску до европските купувачи, туку и ќе ги избегне дополнителните давачки и царини што важат за возилата увезени директно од Кина.

Новата компактна plug-in BYD ќе стане најмал член во растечката plug-in гама на брендот во Европа, каде веќе има модели како Seal U DM-i, Seal 6 DM-i и Atto 2 DM-i. Со ова, BYD гради портфолио во кое купувачите добиваат избор од мали градски PHEV, преку семејни каравани и SUV, до поголеми модели со голем домет и моќност.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја