вторник, 25 декември, 2025 година

BYD и даде предност на Турција во однос на Унгарија

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Кинескиот гигант за електрични возила BYD ја одложува изградбата на својата фабрика во Унгарија. Наместо оваа година, производството ќе почне дури во 2026 – и тоа со многу помал капацитет од планираното.

Наместо 150.000 автомобили годишно, BYD ќе произведува само неколку десетици илјади во првата година. Дури и во 2027 година, производството ќе биде под првичниот план. На долг рок, фабриката кај Сегедин треба да достигне капацитет од 300.000 возила, но дотогаш ќе расте бавно.

- Advertisement -

Во меѓувреме, Турција ќе стане главниот производствен центар на BYD во регионот. Новата фабрика во Маниса ќе почне со работа до крајот на 2026 година и уште во првата година ќе произведе 150.000 возила – далеку повеќе од унгарската. Во 2027 и 2028 се очекува производството во Турција дополнително да се зголеми.

BYD ги гради овие фабрики за да го зајакне присуството во Европа и да избегне царини. Денес, сите возила на BYD што се продаваат во Европа се увезуваат од Кина и подлежат на 27% увозна царина. Со новите фабрики, BYD ќе може да продава возила во Европа без тие дополнителни трошоци.

Компанијата почна како производител на батерии, а во автомобилската индустрија влезе во 2003 година. Од 2022 година, целосно се фокусира на хибридни и електрични возила и престана да произведува класични автомобили со мотор на внатрешно согорување.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја