Bugatti слави – произведени 200 Chiron автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

За разлика од Fiat, VW, Opel, Peugeot кои практикуваат големи сериски производства, премиум производителите познато е дека го ограничуваат производството, токму поради својот премиум бренд односно ексклузивноста.

За разлика од овие првите кои произведуваат и по 5 милиони возила од еден модел, производителите како што се Bugatti, Aston Martin, Ferrari произведуваат по стотици примероци од своите модели.

Токму Bugatti прослави јубилеј – 200 произведени Chiron автомобили.

Станува збор за ултра спортски автомобил кој доаѓа со натпис “110 ans Bugatti” што ја прославува долгата, 110 годишна историја на производителот. Од компаниајта соопштуваат дека овој модел ќе биде испорачан на купувач од Швајцарија, а доаѓа со 8 литарски мотор со 16 цилиндри кои продуцира 1.500 КС.

Според планот за производство, Bugatti ќе произведе само уште 300 примероци од овој модел.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK