Bugatti се откажа од SUV возилата? Сепак се подготвува нешто интересно!

ОБЈАВЕНО НА:

Стефан Винкелман, првиот човек на Bugatti во јануари годинава преку соопштение објави дека францускиот производител се откажува од производството на SUV возило, иако во октомври минатата година тој ја претстави намерата за производство на истото.

Тој во соопштението наведе дека иако времето е сосема погодно, сепак Bugatti нема да лансира SUV модел, а со тоа да се приклучи и на конкурентите. Наместо тоа, Bugatti ќе се фоксуриа на производството на специјални спортски и луксузни автомобили.

Сепак неколку месеци подоцна, британските авто магазини пренесуваат дека развојот на SUV моделот е веќе готов и се чека раководството на компанијата да го одобри. Секако нема многу технички информации, но се шпекулира дека станува збор за хибриден купе кросовер, кој ќе располага со ист мотор како и Urus т.е. 4.0 литарски V8 мотор.

Со воведувањето на SUV возило во својата понудa, Bugatti ќе се приклучи на ултра луксузните брендови Lamborghini, Rolls-Royce, Maserati кои веќе во понудата имаат SUV возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK