Bugatti повлекува ДВА автомобили поради проблеми со воздушните перничиња

ОБЈАВЕНО НА:

Производителот на луксузни автомобили Bugatti објави дека ќе повлече дури два автомобили од САД поради можни грешки поврзани со страничните воздушни перничиња.

Во извештајот кој го објави NHTSA е наведено дека грешката ја направил снабдувачот на воздушни перничиња, а производителот Bugatti во интерниот тест откри дека неправилно се инсталирани грејните штитови. При висока температура постои опасност од автоматско активирање на воздушните перничиња или при судар истите може да имаат намалени перформанси.

За сега, Bugatti ќе испрати писмо со известување до сопствениците на двата автомобили, а потоа истите ќе се повлечат и ќе се пренесат во фабриката во Франција. Токму во фабриката ќе бидат и променети воздушните перничиња по што францускиот производител ќе ги врати автомобилите до сопствениците.

Сето ова, наведува производителот, ќе биде направено бесплатно, но ќе биде потребно повеќе време од вообичаеното со оглед на тоа што возилата ќе треба да се транспортираат до Франција и повторно да се вратат назад.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK