Bugatti Divo фатен во јавност

ОБЈАВЕНО НА:

Иако веќе ја имаше саемската премиера, сепак моделот Divo на луксузниот производител Bugatti за прв пат е фатен на јавните патишта. Со фотографиите објавени на интернет се наведува дека овој автомобил е фатен како се тестира низ Германија, без при тоа да се наведат дополнителни информации.

Инаку овој модел се базира на моделот Chiron, а сепак има значајно различен стајлинг од него. Името Divo го доби по францускиот возач Алберт Диво кој на крајот на 90те години два пати победуваше на трката Тарга Флорио.

Бројките покажуваат дека Bugatti Divo до 100 км/ч. ќе забрзува за нешто помалку од 2,5 секунди додека максималната брзина кој може да се постигне изнесува 385 км/ч.

Како што информира производителот, од оваа моделска изведба ќе бидат произведени само 40 единици, а продажната цена изнесува 5 милиони евра. Сепак доколку сте заинтересирани за овој модел треба да знаете дека сите 40 автомобили веќе се распорададени, а испораката на првиот автомобил е планирана за почетокот на 2020 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK