Бугарскиот Rimac со 5.000 КС

ОБЈАВЕНО НА:

Пред околу еден месец се појави првата вест за првиот бугарски хиперавтомобил наречен Arcanum. Сега бугарските и светски медиуми пренесуваат дека овој автомобил ќе располага со неверојатни 5.221 КС.

Бугарската компанија Alieno открива дека работат на четири варијанта и тоа со 2.610 КС, 3.482 КС, 4.351 КС и 5.221 КС. Сепак колку и да изгледа неверојатно, од Alieno се премногу сериозни во своите намери, а за да ја достигне коњажата од 5.221 КС, автомобилот ќе располага со по шест електрични тркала за секое тркало односно вкупно 24 мали електрични мотори.

Во зависност од изведбата, Alieno додава дека Arcanum ќе достигнува досег од 1.020 км со едно полнење што повторно го става овој автомобил на врвот на листата според досегот со едно полнење.

Од Alieno соопштуваат дека сите заинтересирани и официјално може да го порачаат Arcanum, а цената ќе се движи од 750 илјади до 1.5 милиони евра во зависност од моделската извведба.

Останува уште да го видиме автомобилот и да ги потврди перформансите за кои зборува производителот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK