И Бугарите „коњ“ за трка имаат: Во март доаѓа новиот SIN S1

ОБЈАВЕНО НА:

Инженерот од Русе, Росен Даскалов го заврши својот автомобил, а истиот ќе биде претставен на саемот во Женева во март следната година. Овој модел се нарекува SIN S1, а во моментов нема многу информации околу него.
Од компанијата е објавена една скица, а станува збор за нов бугарски автомобил кој би требало да се мери со оние од најсилните компании.

Автомобилот ќе биде во две варијанти на пазарот. Едната со покриено купе, додека другата ќе биде откриена. Моделот ќе биде поосновен од сегашниот SIN R1, па и цената би требало да иде пониска.

Ќе има верзија на бензин, но и хибридна и електрична. Моќноста ќе биде над 400 коњски сили, а би требало да има годишно производство од 300 возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK